Радио Браво екслузивно дознава дека редовите на КК Куманово ке ги засили нов играч.
По завршените формалности околу потпишување на договорот веќе е извесно дека и официјално боите на КК Куманово во продолжение на натпреварувањата во пролетниот дел на македонската прва лига и во завршните натпреварувања во супер лигата, како и во регионалната балканска БИБЛ лига и извесниот настап во втората рунда од оваа натпреварување, ке ги брани американецот Ентони Ли-Инграм. Инграм доаѓа од кипарскиот Папа Џонс Омониа од Никозија во кој клуб во сезоната 2012/13 има одиграно 7 натпревари со просек од 37,1 минути и 19,9 поени по натпревар. Роден е во 1988 во Индијанаполис, а најпрвин играл за колеџот Brescia од Кентаки, потоа за Perry Lakes Hawks од Австралија, Asker Aliens од Норвешка и Papa Johns Omonia од Кипар. Ентони Ли-Инграм е висок 195 cm игра на позиција 3 и е извонреден шутер за 3 поени и слободни фрлања, има одличен скок шут и брзина.
Новиот играч доаѓа во Куманово по новогодишните празници на 4 јануари, а повеќе детали за овој трансфер ке ни даде тренерот Љубисав Луковиќ во ексклузивното интервју кое Радио Браво ке го емитува на 24 декември – понеделник.