“Love On The Brain“, песна што страшно потсетува на песните на Арета Френклин, но во малку помодерна варијанта се чини е најголемиот хит од осмиот по ред студиски албум “Anti” на пеачката од Барбадос Rihanna. Албумот, мегапопуларната ѕвезда го промовира на својата турнеја што е во тек, а песната за прв пат ја промовираше во живо на овогодинешните Billboard музички награди. “Love On The Brain” е напишана е од страна на Fred Ball со помош на Joseph Angel и самата Rihanna.
https://www.youtube.com/watch?v=SuFKZ6P4paE