Добредојдовте во уште едно издание на Album of the Week. Денес пред нас е албумот под име “Loud Hailer” на Jeff Beck, дело на овој стар, ама навистина стар гитарист кој во својата кариера има свирено со великаните Eric Clapton и Jimmy Page и тоаво групата The Yardbirds. Тој денес има 72 години и е сеуште активен, а ако се земе во предвид дека во својата досегашна кариера има добиено дури 6 Греми награди за Најдобра рок инструментална изведба и една за надобра поп инструментална изведба, една Ivor Novello Award за придонес за британската музика, и дека е дури два пати ставен во Rock and Roll Hall of Fame Музејот, а на магазинот Rolling Stone го рангира на 5-тото место на листата 100 надобри гитаристи на сите времиња, тогаш ви е јасно дека пред нас е албумот на можеби најголемиот рок гитарист во светот.
Иако е роден во далечната 1944-та Jeff Beck сеуште не ни помислува да ја остави гитарата и да се пензионира и тоа го докажува со последниот негов албум “Loud Hailer”, објавен по пауза од 6 години. Името на албумот во превод е Мегафон, а знаете дека тоа е направа која ке ја земете за да на голем број на луѓе им соопштите нешто јасно и гласно, а ако пак знаеме дека во некои од најпознатите албуми на Jef f Beck воопшто нема зборови, логично е да се запрашаме што е тоа што овој музичар во постари години сака да ни го каже. Токму тие стари и проживеани години на Beck му даваат за право да каже што е тоа што не е добро во денешниот свет и во неговиот пореметен систем на вредности, од кој можеби сите треба да се засрамиме.
Од друга страна не е тешко да се примети дека JeffBeck е помалку неинспириран и далеку од своите најдобри и генијални денови, па затоа оваа издание, како впрочем и сите претходни по албумот “GuitarShop” од 1989 година, кај многу негови следбеници и критичари ке го предизвика онаа прашање: Што му требало сето тоа? Ако сакате, можете во овој материјал да најдете многу работи за кои ке кажете дека не држат вода, дека е некако набрзина направено за да се прати трендот. Односно дека е направено за да звучи модерно или модерно во очите на самиот автор. Но сепак , се додека едно старо звучно име како Jeff Beck кое покрај на своите албуми има работено и на албумите на неговите колеги Mick Jagger, Tina Turner, Morrissey, Jon Bon Jovi, Malcolm McLaren, Kate Bush, Roger Waters, Stevie Wonder, Zucchero, Cyndi Lauper, Brian May и ZZ Top, и со тоа го има задолжено музичкиот свет, на крајот секој ке го опише овој албум како добар.
https://www.youtube.com/watch?v=x2H_n7n9ngo