• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Tom Petty IN MEMORIAM – Hypnotic Eye (Албум на неделата)

Во чест на неодамна починатиот Tom Petty, денес во емисијата “Album On The Week” го слушаме неговиот тринаесетти и за жал, последен студиски албум ‘Hypnotic Eye’.

Легендарниот рок музичар Tom Petty почина на 66-годишна возраст  од последица срцевиот удар, кој го добил во својот дом во Мајами.


Tom Petty е познат по хитовите „Фри фолинг“ (Free Fallin) и „Американ грл“ (American Girl). Неговата кариера е поврзана со рок групата „Хартбрејкерс“ (Heartbreakers) и со групата „Травелинг Вилберис“ (The Traveling Wilburys). „Пети и Хартбрејкерс“ (Tom Petty and the Heartbreakers) оваа година го започнаа одбележувањето на 40-годишнината со турнеја во САД. Нивните последни три концерти беа во септември во Лос Анџелес. Бендот требаше да свири и на два концерта во Њујорк во ноември. Tom Petty ја создаде групата „The Heartbreakers“ кон средината на 70-те години на минатиот век, а во 80-те беше коосновач на „Травелинг Вилберис“ (The Traveling Wilburys), заедно со Боб Дилан, Рој Орбисон, Џорџ Харисон и Џеф Лин.


Колку и да е вреден фактот дека ‘Hypnotic Eye’ во еден момент бил најпродаван албум, за жал ќе остане забележан како негов последен. Музичар со рок срце кој успешно експериментирал со попот, работел музика за филмови како и тематски проекти и никогаш не направил ништо под просек.

ПОЧИВАЈ ВО МИР, ЛЕГЕНДО!


© Radio Bravo - Kumanovo