Во оваа издание на емисијата Album Of The Week, ќе ве запознаеме со 3-от студиски албум на човекот кој беше дел од, најверојатно, најславниот британски бенд на почетокот на 90-тите, Oasis. Верувам дека погодувате, станува збор за еден од браќата Gallagher, и тоа за Noel Gallagher и неговиот придружен бенд Noel Gallagher’s High Flying Birds. Албумот “Who Built The Moon?”.
“Who Built The Moon?” е 3-от по ред студиски албум на Noel Gallagher’s High Flying Birds и мислам дека, таков алмум, навистина им требаше во нивната кариера бидејки со него се вратија на препознатливите гитари и на рок звукот, но сепак тоа е комплексен албум на кој е измешано се и сешто. Продуцентот David Holmes ја има додадено разиграноста на звукот, додека поголемиот дел од песните поседува психоделичен призвук кој руши се пред себе. Рефрените се скоро како од најдобрите времиња, а поголемиот број од песните „удираат“ на прво слушање.
Третиот албум “Who Built The Moon?” на Noel Gallagher’s High Flying Birds можеби не е најдоброто што го има објавено Noel во кариерата, но секако е најдоброто нешто што го објавил во последните 20-тина години, во кои го чекавме да „полуди“ и машки да поработи на секоја од песните што ќе ги сними. Кај него се приметуваше досега дека некои песни ги има направено без поголем труд, но очигледно дека новиот албум на брат му, го испровоцирал да направи нешто подобро.
Noel Gallagher е еден од клучните играчи на островот, публиката и медиумите го сакаат и воопшто нема да биде чудно ако овој албум во Британија го прогласат за најдобар, дали во последната година или во некоја друга категорија, сеедно. Секако дека не е најдобар и секако дека британските медиуми ќе претераат со фалење, но сепак на оваа дело Noel е онакво како што го сакаме и бараме, и Noel е повторно творец на брит-поп химни со прекрасни и певливи рефрени.