• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Editors – Violence (Албум на неделата)

Оваа издание на Албум на неделата го посветуваме на англиската група формирана во 2002-та година во Бирмингем – Editors и нивниот најнов албум – Violence. Тоа е бенд составен од 5 члена, Tom Smith (пејач, гитарист и пијанист), Russell Leetch на бас гитара, синтисајзери и пратечки вокали, Ed Lay на тапани, удиралки и пратечки вокали, Justin Lockey како соло гитарист и Elliott Williams на клавијатури, синтисајзери и пратечки вокали.


Албумот Violence е 6-тиот по ред на Editors и се појавува по албумот “In Dreams” од 2015-тата година на кој кокетираа со оркестрална и електронска музика со големо влијание на внатрешната психичка состојба на пејачот Tom Smith. На оваа студиско дело тоа продолжува но музиката е малку поактивна и поблиска до увото на слушателите. “Violence” иако започнува со поп призвук, со текот на развивањето на темата ги доведува електронските елементи во прв план и се чини дека момците од Editors дефинитивно имаат одлучено да го променат правецот кон кој тргнаа пред четири, пет години.


Новиот тренд кај Editors кој го има и на овој албум под име Violence, многумина го објаснуваат со желбата групата да се приближи кон обожователите, нешто што започна со петтиот студиски албум и кој во потполност ја промени структурата на нивниот звук и нивните верни фанови се помирија со новиот стил на Tom Smith, Russell Leetch и останатите. На Violence има многу, условно кажано електронско насилство, за кое најмногу е заслужен британецот Benjamin John Power, попознат под сценското име Blanck Mass.



Иако многу од слушателите и фановите на Editors посакуваа албумот “In Dreams” од 2015-тата да биде исклучок, сепак Editors тргнаа по својот пат кој им припаѓа само на нив, и кој сака може да им се придружи. Личниот впечаток ми е дека донекаде се успешни во тоа и како што ви споменав на почетокот, се некаде помеѓу онаа што беа и во кој правец сакаат да одат. Тој правец не е сосема избалансиран бидејки има преголеми квалитативн разлики помеѓу песните, но со годините и албумите веројатно тоа ке се избалансира. Можеби тогаш некои нови слушатели ке ги препознаат и засакаат на темел на оваа што го работат сега, а се помалку од материјалот што го работеа во првата декада од 21-виот век. Дотогаш ни останува да ги следиме.

© Radio Bravo - Kumanovo