• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Sting & Shaggy – 44/876 (Албум на неделата)

Оваа издание на албум на неделата ќе го одстапиме на една многу интересна соработка и плодот на таа соработка во вид на комплетен албум со 16 песни на него.

Во првиот момент кога дознав дека Sting и Shaggy снимиле заеднички албум, милион прашање ми се завртеа во главата. Sting и Shaggy… изненадувачка комбинација како јулските горештини во април и мај или како минусот во март. Делото се вика 44/876, излезе на пазарот на 20-ти април 2018 година под етикетите на издавачките куќи A&M Records, Interscope Records и Cherrytree Records, а броевите во името се повикувачките броеви на државите од кои доаѓаат авторите, 44 за Велика Британија и 876 за Јамајка.


Некој да ми кажеше на почетокот на минатата деценија кога Shaggy жареше и палеше на МТВ музичките канали и на топ листите, дека еден ден токму тој ке сними реге албум со големиот Sting, најверојатно ке му се насмеев и ке му кажев дека е комплетно луд. Но тоа стана реалност и англиската рок легенда и dancehall хитмејкерот од Јамајка на светот му се претставија како дуо на доделите на Grammy наградите 2018-та со првиот официјален сингл од албумот, песната “Don’t Make Me Wait”.


Во денешното издание на Album of the week го преслушуваме албумот 44/876 на Sting и Shaggy, а во едно интервју тие двајцата изјавија дека албумот настанал спонтано и природно, ги запознал некој заеднички пријател и ја снимиле првата песна “Don’t Make Me Wait”. После снимањето решиле заеднички да ја посетат Јамајка и по враќањето да го снимат целиот албум, вкупно 16 песни кои навистина ни пренесуваат позитивна енергија. На албумот е застапен примарно реге жанрот и тоа поради доминацијата на Shaggy, но во сосема солиден број на песни се чувствува и звукот, гласот и рок елементите на Sting.


Останува прашањето што го натерало Sting по навистина долгата и импресивна кариера да го направи овој апсолутен пресврт? Не верувам дека тоа бил фактот дека светските топ листи и рекордите на гледаност на YouTube и останатите канали ги освојуваат latino/regge ритмовите и мелодиите. Тој самиот признава дека оваа лично му била многу голема желба, а ако слушнеме некои негови постари композиции како например “Walking OnT heM oon”, тогаш ќе дојдеме до констатацијата дека излетот во реге водите и не бил толку изненадувачки. Но сепак се надевам дека тој си има земено повратна карта за оваа патување, бидејки некако лично не ми се вклопува во оваа атмосфера. Исто како што Shaggy не би се вклопил во некое рок или слично издание. Но оценката на албумот секако ја спасува фактот дека со негово преслушување навистина се чувствува позитивна енергија и до последната песна од него секој слушател би се помирил со внатрешниот конфликт кој го има предизвикано оваа чудна соработка.

© Radio Bravo - Kumanovo