Дека Македонците се уште го сметаат Изборот за песна на Евровизија, за врвен музички фестивал говори и посетеноста на постот во кој ја претставивме победничката песна, како Премиера Хит, во понеделникот. Поради тоа, “Toy” на израелската претставничка Netta ќе биде Браво Хит No.1 песна на Радио Браво за следните седум дена.
А која е всушност Netta?
Нета е родена 1993 година во Ход ХаШарон. Кога била мала со семејството се преселила во нигерија, каде што живеела четири години. Таму растела со локални дадилки од кои учела за африканската музика и за ритмовите на африканските племиња. По служењето на воениот рок се запишала на музичка академија и студирала џез. Додека студирала работела и како келнерка, одела на курс за медицински сестри и чувала деца во градинка.