• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

David Byrne – American Utopia (Албум на неделата)

Добредојдовте во Album of the Week или на македонски Албум на неделата. Оваа издание го отстапуваме на големиот David Byrne и неговиот најнов албум, American Utopia, а ќе го започнеме со еден негов стих:

“We are only tourist sin this life / Only tourists butt the view is nice” или на македонски
“Ние сме само туристи во овој живот / Само туристи, но погледот е убав”.

Името на David Byrne често се заменува со името на неговата група Talking Heads која постоеше од 1975 до 1991 година, но овој човек е многу повеќе од тој new wave феномен. Со добиените Оскар, Греми и Златен глобус награди, како и со присуство во Rock and Roll Hall of Fame, тој секако ја надминува неговата матична група. Дури по крајот на Talking Heads, Byrne ги ослободува сите свои таленти и се проба и во филмот и во фотографијата и во операта, а по дури 14 години, кога го издаде својот претходен соло студиски албум, конечно повторно проговори и на светот му подари уште еден продукт на својот виртуозен ум.


American Utopia е албум кој долго се чекаше, а во месецот март, поточно на 9 март 2018-тата конечно го здогледа светлото на денот. Албумот е дел од големиот мултимедијален проект “Reasons to be Cheerful”, а целта на тој проект е да се покажат многуте причини за среќа и оптимизам и покрај политичкиот, економскиот и општествениот трулеж околу нас.


Колку е подобар гласот на пејачот, толку е потешко да се поверува во онаа што го пее. Некој има глас, некој има порака, некој пак пропаганда, но ретки се оние музичари кои сами по себе се доволни и го имаат онаа НЕШТО, а господинот David Byrne е вистинска дефиниција за тоа. Без оглед на годините, многу е јансо дека душата не му старее, и понатаму е бунтовна и виртуозна. Иако ги има поминато 65-тите и се преобрази во симпатичен побелен џентлмен, при слушање на овој албум не е тешко да го замислиме како млад дечко кој провоцира со своите текстови, но сепак и покрај циничноста и дозата на сатира, целта му е преку искрена критика да го истане онаа што навистина не прави среќни. Било како било албумот American Utopia е секако трунка на свеж воздух во предвидиливата музичка сцена и среден прст во воздухот на сите оние кои тврдат соло кариерите по голема популарност на матичните групи секогаш се неуспешни.


© Radio Bravo - Kumanovo