• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Snow Patrol – Wildness (Албум на неделата)

Денешниот термин на Албум на неделата ке го отстапиме на една рок група од Северна Ирска која верувам дека им е позната на сите оние кои раснеа на почетокот на 90-тите. Се вика Snow Patrol, а за оние на кои не им е позната, кратка информација. Формиранае во 1994 година од Gary Lightbody како вокал и гитарист, Nathan Connolly на гитара и пратечки вокали, Paul Wilsonна бас гитара, Jonny Quinn тапани и Johnny McDaidна клавијатури и гитара, во старт како инди бенд, а на почетокот на векот како дел од post-Brit pop движењето.


Но поминаа вкупно 7 години од нивното последно студиско дело или албум и на нивните фанови им остана само сеќавањето на нивните мегахитови “Chasing Cars” или “Run”. Причината за тие 7 години пауза на Snow Patrol е всушност креативната блокада, нешто што не е редок случај во музичкиот свет, а токму новиот материјал по толку голема пауза обично ја има тешката улога да ја оправда отсутноста од сцената. Таква е улогата на 7-миот по ред студиски албум Wildness, нашата денешна тема.


Албумот Wildness на Snow Patrol  звучи навистина добро и квалитетно, впрочем и резултатите од топ листите тоа го потврдуваат, второ место на британската и прво место на австралиската, ирската и шкотската албумска листа. Со 10-те песни на стандардното издание и дополнителните 5 нови видувања на постоечките на Deluxe варијантата, групата сигурно ги израдува и ги направи сречни старите обожаватели, единствено останува прашањето дали помладите генерации ке го прифатат и дали на групата воопшто и е потребна нова публика. Иако постојат од 1994-тата , а дискографијата им е составена од засега 7 албуми, со овој последниот покажаа дека и понатаму вредат и си го заслужуваат своето место на светската музичка сцена.


© Radio Bravo - Kumanovo