• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Lenny Kravitz – Raise Vibration (Албум на неделата)

Добредојдовте во Албум на неделата. Оваа издание го посветуваме на Lenny Kravitz и неговиот 11-ти по ред студиски албум под име “Raise Vibration”.

Но ајде на почеток малку повеќе за Lenny Kravitz. Роден на 26 мај 1964 година во Менхетен, Њу Јорк во брак на црномурестата актерка Рокси Рокер со потекло од Бахамитеи украинскиот евреин Сју Кравиц, инаку продуцент на вести за телевизијата NBC. Музичката кариера ја започнува во 1981-вата, од 1999 до 2002-та, 4 пати по ред ја добива Греми наградата за најдобар машки рок вокал, постигнување што е рекорд, уште еден куп награди, дури глуми во TheHungerGames. Бил женет со актерката Лиза Бонет со која ја има керката Зое, бил во врска со Кајли Миног, Ванеса Парадиз, Адриана Лима и со Никол Кидман.И така 30 и нешто години подоцна од неговиот прв албум “LetLoveRule”стигаме и до неговиот 11-ти албум “RaiseVibration” и за почеток ја слушаме насловната нумера од него.


“Raise Vibration” je го сочинунваат вкупно 12 песни со заедничко времетраење од скоро 65 минути. 12 композиции што ја подигаат вибрацијата со своите имиња и пред слушањето, а во својата содржина тоа се песни кои за тема го имаат отпорот кон политиката или општеството, нешто што не не зачудува бидејки сме навикнати на неговиот активизам. Остатокот, односно оние кои не се со таа тема се секако, љубовни, бидејки Lenny во своите песни досега постојано ја покажува својата романтична страна.


Во едно од интервјуата Lenny албумот го опишува како личен “call to action” низ кој ги провлекува прашањата и предизвиците како да се биде подобар и со тоа да се влијае на околината. Целта му е останатите да ги освести за разбирањето и прифаќањето на другите луѓе и на самите себе си, како и да ја натера заедницата да се фокусира на тоа како подобро и поквалитетно да го проживееме времето кое ни е дадено.


За крај, секогаш ке ја сакаме носталгијата и ретро атмосферата која ја создава музиката на Lenny Kravitz. Иако можеме само да замислуваме како било во некои дамнешни времиња, би сакал секогаш да посветуваме внимание  на музиката што остава печат, што буди помалку непознати емоции или едноставно на прво слушање предизвикува асоцијација на некоја голема приказна. Популарноста на овој музичар дефинитивно е побледа со годините, светот го преплавуваат некои нови клинци и нови инструменти, електроника или трап битови, но Lenny Kravitz и понатаму прави музика за својата армија на обожаватели која дури и кај нас ја удостојува со концерт во живо како оној на 3 мај 2019 година и неважно е дали се тоа старите или новите обожаватели, сепак музиката што ја создава и понатаму звучи одлично и квалитетно, а тоа верувајте е најважно.

© Radio Bravo - Kumanovo