Добредојдовте во денешниот Album Of The Week. Ја завршуваме 2018-тата и ја започнуваме 2019-тата година со еден албум на една француска музичарка, на која оваа и е вториот по ред албум во кариерата, но албум кој дефинитивно ке биде забележан. Француската пеачка со вистинско име Héloïse Letissier која во последното тромесечје на 2018-та година повторно ја изненади светската музичка јавност и тоа со вториот по ред нејзин албум со едноставно име “Chris“. Инаку скратено од Christine, Chris всушност за неа претставува еден вид на алтер его и и овозможува на Елоиз да ги истражува темите кои не ги опфати на првиот албум “Chaleur Humain”.
За Christine And The Queens би можело да се каже дека припаѓаат на еден интересен музички правец, мзуика што користи помалку љубовна тематика но сепак песните им се одлично примени, а албумот “Chris“ е едноставно одличен поп-фанк кој во себе има соберено еден куп паметни и лесно запаметливи песни. Тие можеби на прво слушање ке ви изгледаат слични, но сепак секоја посебно ке ви се залепи на срце. Токму затоа “Chris“ е албум во вистинската смисла на зборот. Текстовите се прекрасни, за оние кои го разбираат францускиот и секако англискиот јазик, Тематски играат помеѓу љубовните теми, погледот кон животот, личниот развој и раснење и многу други теми. Според зборовите на авторката овој албум е сретнување со непознатите места, истражување на необичноста и различноста и пронаоѓање на убавината надвор од зоната на сигурноста. Накратко, албумот е роден во желбата на веќе започнатите приказни кои пеачката ја имаат одведено надвор од границите на онаа што го сакала или посакувала.
При слушање на албумот “Chris“на Christine And The Queens веднаш се приметува дека француските верзии на песните се изворни и дека преводите и измените во текстовите на англиски се направени накнадно. Но сепак изговорот на англиски кај Héloïse Letissier или Christine и не е така лош, иако повремено чисто поради артикулацијата на мелодијата е потребно да се сконцентрираме и да слушнеме повторно за да се увериме што всушност е испеано. Мене лично повеќе ми се допаѓа француското издание поради јазикот и темпераментот, но секако е за пофалба и желбата со англискиот текст да се приближи кон поширок круг на слушатели. Тоа за еден француски автор е ризичен потег, бидејки по традиција франзуската публика си го преферира својот мајчин јазик и дури има аверзија кон англискиот. Се на се, продуктот е албум на француски, на англиски и во вид на двоен албум на двата јазика.
Christine And The Queens на светската музичка сцена е вистински нов фаворит, посебно кај оние кои од поп музиката бараат нешто повеќе од понуденото, дефинитивно на таа музика и треба освежување како и на музичката сцена во Франција која и како секое друго неанглиско говорно подрачје или пазар е преплавено со USA рап квази хитови. Сите песни на албумот “Chris“ на Christine And The Queens имаат верзии на француски и на англиски јазик освен “Feels So Good“, потоа “Bruce est dans la brouillard“ и “Le G“.
Од првата до последната нумера од вкупно 23-те колку ги има на албумот, секоја на свој начин ве привлекува и дефинитивно оваа е идеален албум за крај на 2018-тата и почетокот на 2019-тата година, за да ја започнеме новата година со оптимизам и весело разположение.