• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Billie Eilish – When We All Fall Asleep, Where Do We Go? (Албум на годината)

Секоја деценија во музиката има некоја своја женска фигура која со својата музика ја одбележува. Тука веднаш ке се сетиме на Madonna во 80-тите години од минатиот век, а од поновите имиња тука се дефинитивно Lady Ga Ga и Lana Del Rey. Секоја од нив има донесено позитивни промени и во звукот и во стилот и наметнала нови трендови. Во круговите пак на сегашните помлади актуелната кралица е дефинитивно Billie Eilish. Американската пеачка и текстописец родена во 2001-та година која за прв пат се претстави на светската музичка јавност во 2016-тата со нејзиниот деби сингл Ocean Eyes и првиот деби макси сингл Don’t Smile at Me следната година. Во истата година Apple Music ја прогласи за Up Next Artist и конечно со нејзиниот деби албум кој излезе на 29 март 2019-тата When We All Fall Asleep, Where Do We Go?


You Should See Me in a Crown, сингл кој беше објавен на 18 јули 2018-тата, со кој беше најавен албумот кој се појави по 8 месеци и кој содржи 14 песни во себе. Албум кој во седмицата пред да излезе официјално на пазарот во претпродажба беше продаден во тираж од дури 800 илјади примерока.


Новите песни на албумот When We All Fall Asleep, Where Do We Go? на Billie Eilish изгледаат и звучат некако помрачно од претходните малкуте песни што ги има, но сепак во нив се јавува голема доза на женственост во гласот. Сите песни делуваат дека се отпеани со голема леснотија, а заводливото зборување и пеење на некои делови вешто го прикриваат фактот дека се работи за 17 годишно девојче.


Албумот When We All Fall Asleep, Where Do We Go? на Billie Eilish дефинитивно е најуспешниот во 2019-тата година. Слушајќи ги сите песни може да се примети дека тие се работени од чиста љубов и на албумот нема лоши или нелогични моменти, туку тој има смислена приказна и поврзаност со прекрасна и врвна продукција.

© Radio Bravo - Kumanovo