• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Taylor Swift Feat. Brendon Urie – ME! (Браво Хит)

ME!” е првиот сингл со кој американката Taylor Swift го најавува нејзиниот седми студиски албум. На песната како гост – вокал се слуша гласот на Brendon Urie од Panic! at the Disco. Од денес па во следните седум дена, ја слушаме “ME!” како Браво Хит No.1 на Радио Браво, а интересно е дека јавната премиера на песната еден ден по „премиерата“ на Радио Браво, во вторникот на 30-ти април, на доделивањата на Billboard Music наградите во MGM Grand Garden Arena во Las Vegas.


 

Овогодинешните Билборд награди дефинитивно го изложија најдоброто за очи од музичкиот свет. Taylor Swift дефинитивно беше ѕвезда на вечерта кога е во прашање црвениот килим, покажувајќи им на своите колешки Карди Би и Сиара дека модната кулминација на овој настан не може да ја подели со никој друг, иако сите три се држат на врвот како изненадувачки најстилски средени.


Taylor Swift собори неколку YouTube рекорди со неодамна објавениот музички спот за најновата песна “ME!” која ја направила во соработка со Брендон Ури од бендот “Panic! At the Disco”, пишува “Billboard”. Според соопштението објавено на сервисот во саботата, спотот за песната “ME!” забележал рекордни 65,2 милиони прикази во првите 24 часа од неговото објавување. Од Јутјуб потврдија дека овој подвиг ја направи Тејлор Свифт женски соло артист со најголем број на прегледи во првите 24 часа во историјата на оваа платформа за репродукција на видео материјали. До појавата на синглот “ME!”, рекордот го држеше Аријана Гранде со над 59 милиони прегледи за песната “Thank U, Next”, а новата песна на Swift исто така доби повеќе лајкови во првиот ден отколку било која нејзина друга песна. Оваа американска пејачка и текстописец моментално брои повеќе од 33 милиони претплатници на својот официјален YouTube канал, што ја прави една од само осум музичари кои имаат над 30 милиони претплатници во светот.

© Radio Bravo - Kumanovo