По успехот на нејзината претходна песна „Некогаш ќе помине“, новата македонска ѕвезда Лара Иванова објави уште една композиција. Овојпат тоа е нумерата „Кој е сега крив“, на која автор на музиката и аранжманот е Иле Спасев, текстот е на Робин Зимбаков, а режисер на видео спотот е младиот Горан Симјаноски.