Глобалната суперѕвезда Christina Aguilera работи на својата трилогија, но пак успеа пријатно да ги изненади своите фанови, објавувајки ја песната “Suéltame” во соработка со аргентинската поп пејачка Tini. Нумерата е компонирана од самата Aguilera, како и Tini и Kat Dahlia, а продуценти се Mauricio Rengifo, Andrés Torres, Rafa Arcaute, Federico Vindver и копродуцент Afo Verde.