Рецензија на најновиот албум на Дејвид Боуви има сосема поинаква конотација по ненајдено заминување на овој рок камелеон. Боуви со години скриен од очите на јавноста, имаше што и да сокрие од неа. Глобална звезда веќе четири децении, но толку скромен, (барем така го опишуваат колегите што се потврди и гледајќи ги разни снимки од настапите во живо) во мир, погоден од тешка болест, го подготвуваше својот 25 студиски албум. А ни подготви ново ремек-дело, се согласуваат критичари од целиот свет. Албумот ‘Blackstar’ очигледно е резултат на звучните и лирските внатрешни демони на Дејвид и борба со прифаќањето на неизбежната смрт. Би било претерано да се каже дека тој напишал својот некролог иако многумина така ќе гледат на ‘Blackstar’.
1. Blackstar
2. ‘Tis a Pity She Was a Whore
Кога би го споредувале ‘Blackstar’ со претходните албуми на Боуви, најповеќе сличност би нашле во Berlin Trilogy, албумите Low’, ‘Heroes’ и ‘Lodger’ особено со првиот и последниот од овие три спомнати. Според многумина тоа е најхраброто, најзрело и квалитативно најуспешен период во кариерата на Боуви, па веројатно дека и последниот албум ќе влезе во таа категорија на неговите најуспепни изданија. Повторно како и во ‘Low’ слушајќи го Боуви стануваме вознемирени и депресивни па дури и параноични (сепак не како во ‘Warszawа’) повторно е помалку претенциозен како во ‘Lodger’, повторно чувствуваме нешто големо пред нас како кога го слушавме ‘Heroes’. Клучен поим, по толку децении, повторно атмосфера која на ‘Blackstar’ е брилјантна и сигурно најважен аспект на овој албум.
3. Dollar Days
4. Lazarus
5. I Can’t Give Everything Away
Со потресната песна ‘I Can’t Give Everything Away’ со која тој конечно се прости од своите фанови. Мешајќи така атмосферата на Берлин со фаза на храброст од 90-тите и поп генијалност која одсекогаш ја имал во себе, Боуви ни подари уште една sвезда во својата богата дискографија, пред да и самиот отиде ‘меѓу sвездите’.