Двананесет млади девојки, средношколки и студентки од Македонија, Бугарија и Србија учествуваа на третиот по ред ромски медиумски тренинг програм „Буверо“ што започна нас 11-ти август и во следните девет дена се одржуваше на територијата на општина Старо Нагоричане, а во организација на Националниот Ромски Центар Куманово. Младите Ромки е се обучуваа за продукција на аудио-визулени материјали, креирање мрежи за комуникација и интеренет поврзување на младите од регионот.
Професионални предавачи ги обучуваа младите како да креираат новинарска приказна со фотографии и видео материјал, како да ја применат дигиталната технологија како алатка за обезбедување заштита на човековите права. Ова е прва тренинг програма на која учествуваа и девојки од други држави, по претходните две на кои учествуваа исклучиво млади Ромки од Македонија, кои имаа можност да ја зајакнат самодовребата и да работат на развој на личните капцитети кои им користат за професионално усовршување.
– Учеството на младите девојки и конкретно на ова група ми дава надеж дека има квалитетни млади кадри на кои треба да им се даде можност да се развијат и унапредат. Се надевам дека наредната година кампот ќе успееме да го подигнеме на уште повисоко ниво и ќе го организираме надвор од државата. И годинава, како и претходните ќе учествуваме на неколку фестивали со продукциите на учесничките во Холандија и Германија. Единствени сме во регионот, кои на младите девојки им даваат можност самите да ја креираат својата судбина, да се борат за своите права како жени, припаднички на ромската заедница, а потоа и самите да придонесат за развој на заедницата од каде поттекнуваат, изјави Ашмет Елезовски од Националниот Ромски Центар.
Проектот е финансиран од програмата „Европа за граѓаните“ и се спроведува во партнерство со фондацијата „Ромедиа“. Финалните производи на учесничките на кампот ќе бидат презентирани пред пошироката јавност по завршување на кампот.