Промоција на книгата “Паралелно Време“ од Драган Илиевски-Гари која е постхумно издадена во чест на нашиот прерано починат сограѓанин, ќе се одржи во библиотеката „Тане Гергиевски“ во Куманово на 23 јануари, сабота во 12:30 часот. Промотор на книгата е Бобан Богатиновски, кој во своето гостување во Радио Браво ја најави промоцијата и се осврна на вкупниот опус на Драган Илиевски-Гари, кој не напушти пред точно една година. Интервјуто со Бобан Богатиновски можете да го слушнете со кликнување на плеерот подолу…
Инаку збирката „Паралелно Време“ го содржи изборот од најдобрите раскази на Драган Илиевски-Гари, објавени во претходните неговите три книги раскази: „Потковица и апокалипса“, „Креда“ и „Двојна вратоврска“. Составувачи на изборот се Бобан Богатиновски и Ѓорѓе Јовановиќ, а издавач на книгата е Книжевниот клуб Дијамантски часовник.