На својата вчерашна седница СРД им ги одзеде дозволите на трговските радиодифузни друштва ТВ Нова Куманово, Радио Гаудеамус Класик ФМ Скопје, Пинк Мак Скопје, Телевизија Крт Скопје, Радио Ди Џеј Струга, ТРД Радио БП Стругa и Радио Тернипе (Младост) Прилеп, кои што заклучно со зададениот рок, не ја исполнија својата законска обврска да го платат надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност. Бидејќи Радио Арачина достави известување до СРД дека ја нема примено доставената пресметка, СРД одлучи да се издаде нова пресметка со рок на плаќање од 15 дена и друштвото да се повика пресметката да ја подигне во просториите на СРД.
…Објавено во Вестите на Радио Браво на 10 јули 2012 година.
[audio:http://radiobravo.com.mk/wp-content/uploads/Vesti-10.07.mp3|titles=Vesti 10.07]
Хроника на 27ма седница на Советот на радиодифузија
СКОПЈЕ, 09.07.2012 – На својата денешна седница СРД им ги одзеде дозволите на трговските радиодифузни друштва ТВ Нова Куманово, Радио Гаудеамус Класик ФМ Скопје, Пинк Мак Скопје, Телевизија Крт Скопје, Радио Ди Џеј Струга, ТРД Радио БП Стругa и Радио Тернипе (Младост) Прилеп, кои што заклучно со зададениот рок, не ја исполнија својата законска обврска да го платат надоместокот за дозволата за вршење радиодифузна дејност. Бидејќи Радио Арачина достави известување до СРД дека ја нема примено доставената пресметка, СРД одлучи да се издаде нова пресметка со рок на плаќање од 15 дена и друштвото да се повика пресметката да ја подигне во просториите на СРД.
СРД констатираше дека ТВ Наша и ТВ АБ Канал го испочитувале утврдениот рок за исплата на четвртата рата согласно склучените договори за исплата на долгот на рати.
СРД иницираше постапка за одземање на дозволата за вршење радиодифузна дејност на ТВ Шутел, поради непридржување до форматот за кој што му била доделена дозволата.
СРД ја усвои Анализата на следењето на сопственичката структура на радиодифузерите и на нивните обврски во поглед на транспарентноста на сопственоста во периодот 01 јануари- 30 јуни 2012, како и Конечниот извештај за извршената ревизија на процесот за управување на СПО и системот за интерна контрола во структурата на ИПА проектите назначени во СРД, која што е предвидена во стратешкиот план за внатрешна ревизија за период 2012-2014 и во годишниот план за внатрешна ревизија за 2012 и Предлог-Правилникот за користење службени мобилни телефони во СРД.
Исто така, усвоено беше и Мислењето на СРД за Комуникациската стратегија за заштита на личните податоци 2010-2016, доставено од страна на Дирекцијата за заштита на личните податоци и Предлог- Писмото на намери до Катедрата на УНЕСКО при Високата школа за новинарство и односи со јавноста.
Превземено од www.srd.org.mk