Уште од 2002-та со појавувањето на првиот албум кој го носеше името на групата, момците од англискиот рок бенд The Coral го привлекоа вниманието на светската јавност со нивното практикување на ретро музиката на еден модерен indie начин. Токму затоа изданието на овој Album of the Week го посветуваме на оваа група и на нивниот албум Distance Inbetween.
Позната е приказната за многуте искачувања и падови на The Coral во изминативе години. Можеби причината за сето лежи во нивната хиперпродукција. Албумот Distance Inbetween е нивен 8-ми по ред студиски со напомена дека првите 4 ги објавуваа на една година, дека последните години албумите доаѓаат во се поголеми временски растојанија, пред овој 7-миот по ред беше објавен во 2014-тата, а тој пред него во 2010-тата, а тука се и помалку или повеќе успешните самостојни дела на членовите на групата . Веројатно поради подолгиот период пред последниот албум овој пат имаме случај да се создаде интересно и квалитетно издание.
“Distance Inbetween” само ја продолжува редицата на многу добри албуми кои ни ги понудија момците од The Coral досега и песните од него навистина заслужуваат голема публика на големите светски концертни сцени.