Оваа издание на Album of the week ке го посветиме на една млада жена со прекрасен глас, родена како Jasmine Lucilla Elizabeth Jennifer van den Bogaerde на сцената попозната како Birdy. Британска музичарка која светот ја запозна во 2008-та со победата на Open Mic UK на 12 годишна возраст. Подоцна се редеа првиот сингл, првиот албум, па вториот и така стигаме до третиот… наш денешен предмет на анализа. Третиот албум на Birdy се вика Beautiful Lies и официјално излезе на 25 март од 2016-тата под етикетата на Atlantic Records.
Ако ја погледнете листата на песните на албумот, и ако го преслушате ке забележите дека сите песни кои ги споменав и кои ги слушавме и ке ги слушнеме до крајот на оваа емисија, се наоѓаат во првата половина од “Beautiful Lies”, факт што јасно оди во прилог на веќе кажаното дека можеби требало да се оди кон кратење на бројот на песните. Секако, по 6-7-та песна не се случува прекин на квалитетот одненадеж. Туку се и понатаму си тече по некој свој тек, но со многу помалку уверливост и без некои свежи идеи со кои би се оправдало времетраењето на албумот. Ние сепак ке се задржиме на првата половина на оваа дело.
И покрај видливите и приметливите недостатоци, албумот “Beautiful Lies” сигурно не ги има разочарано фановите на младата музичарка Birdy, а на критичарите им порача дека пред неа се години и години во кои најверојатно ке оди напред и ке завладее со таканаречената mainstream сцена како противтежа на напорниот и неинтелегентниот поп на Rihannа, Beyonce и на нив сличните медиумски надувани ѕвезди.
Од нас за крај едно кратко – Со среќа Birdy!