• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Jean Michel Jarre – Équinoxe Infinity (Албум на неделата)

Добредојдовте во Албум на неделата. Во оваа издание ќе преслушаме еден албум на еден француски композитор, во вистинскиот смисол на зборот композитор, кој е на 70-годишна возраст и е вистински пионер на електронската музика. Станува збор за Jean-Michel Jarre и неговиот албум Équinoxe Infinity, а мислам дека нема потреба да се објаснува кој е Jean-Michel Jarre бидејки тој е активен од далечната 1969 година на светската музичка сцена. Можеби е најважно да се спомене дека тој е голем уметник, не само во подрачјето на музиката, иако има свирено во многу групи е вклучен во широк спектар на музичкото творештво, бидејки во младоста тој заработувал и од продажбата на своите уметнички слики.


Главниот подем и големиот успех во музиката за Jean-Michel Jarre се има случено во далечната 1976 година со објавување на албумот Oxygène, по него следел исто така успешниот Équinoxe, чиј пак продолжеток е всушност нашата денешна тема, албумот Équinoxe Infinity. И кога сме кај податоците за овој голем француски и светски уметник, би сакал само да дополнам дека токму тој е носител на светскиот рекорд на најголем број на гледачи на концерт на отворено во историјата. Неговиот настап по повод одбележувањето на денот на падот на Бастиља во 1979 година го имаат гледано повеќе од еден милион гледачи.


Албумот Équinoxe Infinity е доказ дека Jean-Michel Jarre нема потреба да ги прати трендовите на модерната сцена бидејки тој си остана доследен на самиот себе. Сосема е јасно дека музиката во овие години ја ствара поради неа или поради идеите кои го водат во животот. Го одржува квалитетот на високо ниво и со тоа ги задоволува своите обожаватели, но воедно е и одличен пример за новите генерации кои немаа можност да го испробаат овој вид на музика кога тој беше на врвот. Електронската музика на 20-тиот век и онаа што ја слушаме денес се разликува, не само поради новата технологија, туку поради духот и емоциите во неа. Верувам дека не сум субјентивен кога ке кажам дека овој албум ќе ве освои, не само поради визуелниот и продукцискиот момент, туку и поради носталгичниот, ретро звук на електронската и амбиенталната музика. Овој албум е одличен показател на се што работи Jean-Michel Jarre и кој е тој всушност, така да добро може да послужи и на новите генерации за да се запознаат со него и да го засакаат.


© Radio Bravo - Kumanovo