Овој пат времето предвидено за преслушување на некој нов албум, му го преотстапивме на 4-тиот студиски албум на англискиот пеач, текстописец и продуцент James Blake Litherland или едноставно James Blake. Албумот се вика Assume Form, но ајде најпрвин нешто повеќе за авторот. James Blake е роден на 26-ти септември 1988-та година и музичката сцена за прв пат го запознава во 2010-тата и 2011-тата, кога го објави својот прв албум наречен едноставно James Blake. Неговиот вор албум Overgrown излезе во 2013-тата и ја доби престижната наградата Mercury , по три години следеше третиот албум The Colour in Anithing и еве пред нас е четвртиот, Assume Form кој излезе на пазарот на 18-ти јануари 2019-тата. Во текот на својата кариера James Blake има соработувано со многу музичари како што се Mount Kimbie и BonIver, а има соработки со познатите Kendrick Lamar, Beyoncé, Vince Staples и Frank Ocean. Blake исто така се занимава и со ремиксирање на туѓа музика и тоа под псевдонимот Harmonimix.
Албумот Assume Form носи огромна свежина во секој дел од творештвото на James Blake. Продукцијата на нумерите е повеќе mainstream отколку во хип-хоп стил, со тоа се всушност некако ослободени и надоградени. Во однос на текстовите, овој албум е еднакво добар во споредба со претходниците, но од друга страна текстуалната содржина на новите песни многу полеко се запаметуваат. Соработките како практика од минатиот албум, се исто така надоградени и секако успешни.
На албумот Assume Form, James Blake повикал доста гости и заедно со нив ја гради целата концепција на оваа студиско дело. Прв од тие соработници на албумот се појавува Metro Boomin, инаку продуцент на големи хитови како што се “Mask Off“, “Bad&Boujee“, “Jumpman“, “Congratulations“ и многу други. Metro Boomin е вклучен во две песни, “Tell Them“и “Mile High“ . На “Tell Them“ вокалите се на Moses Sumney, додека на “Mile High“ пее американскиот рапер Travis Scott.
https://youtu.be/28s4XBUQBVg
Assume Form е интересен албум кој многу убаво ги поставува стандардите на почетокот на 2019-тата година, за албумите што следат. Како што вели насловот, таков е и при слушањето. Трансформативен и спротивно од претходните три, овој албум ве води во различни правци. Ве пречекува на нови и непознати места и во различни чувства и сентименти. Клучно кај оваа студиско дело е неговото разигрување и непредвидливост. Колку и да мислите дека го познавате авторот, овој албум е нешто посебно и за него. Assume Form е досега единствениот на James Blake кој ке ви се допадне од прво слушање, а ќе ви остане во ушите исто толку долго како и претходните. Неоптеретен од претходните изданија, го зема само најдоброто од досега издадените материјали со дополнителна доза на свежина и со тоа станува се подобар со секое следно преслушување.