По скоро 15 години присутност на сцената и објавени само 3 студиски албуми, многумина нема да можат да ги земат сериозно Evanescence, како една од ретките групи од бранот на emo-rock-рок и new metal правците од почетокот на 21 век. Жената која ги води или Frontwoman-от на бендот Amy Lee е единствениот член на оргиналната постава и тоа веројатно благодарејки на нејзиниот карактер, а на тоа може да се додаде и фактот дека неколкупати и тоа неуспешно се обидуваше да започне соло кариера, па на нејзиниот YouTube канал може да се најдат еден куп преработки, од Portishead до U2, а тука е и незабележителната филмска музика за филмот “WarStory”, како и екстремно неуспешниот албум со детски песни “DreamTooMuch”. Сето оваа звучи толку разочарувачки и нормално е секој да се праша – кој воопшто ке го слушне најновиот четврти студиски албум на Evanescence под име Synthesis.
Но дали е тоа така?… слушнете во денешниот Album Of The Week, во кој ќе го преслушаме токму оваа дело.
Албумот “Synthesis” четврти по ред студиски албум на Evanescence, излезе на пазарот на 10 ноември во 2017-тата преку издавачката куќа BMG Rights Management и е пред се коморна ретсроспектива со интересна атмосфера на трите албуми (“Fallen”, “OpenDoor” и “Evanescence”) со само три нови песни кои иронично, паѓаат во втор план поради фантастичните изведби на познатите песни на кои им е даден нов живот со комплексни композиции, првенствено од гудачките инструменти.
Lee на албумот “Synthesis” покажува колку искуството влијае на квалитетот на гласот и звучи како подобренаверзија на самата себе – со побогат вокален дијапазон и колорит, со посилна контрола на гласот и со спремност за егзибиции кои порано не и успеваа и ја ограничуваа. Amy Lee, која по долгите години на конфликтите со издавачот, конечно добива можност да го има последниот збор и да понуди авторска работа која можеби нема да биде материјал за многу преслушувања, но пуштена на добар уред и проследена низ добри звучници, гарантирано ке се допадне и на најголемите критичари.