• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

John Legend – Darkness And Light (Албум на неделата)

Тема на денешната емисија на “Album Of The Week” е е петиот по ред студиски албум на John Legend или John Roger Stephens, како што му е роденото име, а албумот се вика “Darkness and Light”.

“Darkness and Light” официјално излезе на пазарот на 2-ри декември 2016-та година преку издавачките куќи GOOD Music и Columbia Records.

John Legend е американски пеач, текстописец, музичар и актер, роден на 28 декември 1978 година во Спригфилд во државата Охајо. Добитник на 10 Греми награди, 2015-тата добитник на Оскар за најдобра оргинална песна од филм за нумерата Glory од филмот Селма и добитник на многу други музички награди. Пеел и соработувал со многу познати музичари, глумел во многу телевизиски серии, воглавном себе, и засега во 5 филмови, меѓу кои е и La La Land во кој учествувал и во правењето на музиката.


“Darkness and Light” е продуциран од Blake Mills, американски музичар, композитор и продуцент кој има соработувано со многу звучни имиња како што се Kid Rock, Weezer, Paulo Nutini, Norah Jones, Zucchero, Pink, Lana Del Rey, Dangermouse и многу други.John го ангажирал токму него откако слушнал како го продуцирал албумот на американските блуз рокери Alabama Shakes, “Sound & Color”.


Сите оние кои го следеле овој уметник или пак оние кои можеби го слушнале само претходниот албум  “Love in the Future” ќе речат дека овој албум и не е многу различен од претходниците, освен тоа што авторот во меѓувреме влезе во брачните води со моделот Chrissy Teigen и доби дете, па затоа и на овој албум доминира неговиот специфичен глас кој никако неможе да закаже, но можеби песните не се на нивото по кое е препознатлив и покрај тоа што на авторот на неколку песни во пишувањето му помогнале Matt Sweeney  и Bonnie ‘Prince’ Billy. Сепак “Darkness and Light” е дело кое секако треба да се преслуша неколку пати.

© Radio Bravo - Kumanovo