• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

The 1975 – A Brief Inquiry Into Online Relationships (Албум на неделата)

Добредојдовте во Албум на неделата, добредојдовте во уште едно ново преслушување на албум кој предизвикува внимание кај нас и светската музичка јавност. Денес, пред нас е студиското дело на една перспективна британска група и можеби еден од најважните бендови на денешницата, The 1975. Рок група која е формирана во Манчестер во 2002 година во моментален состав: Matthew “Matty” Healy, како водечки вокал и ритам гитара, Adam Hann – соло гитара, Ross MacDonald – бас гитара и George Daniel на тапани, а името им било инспирирано од книгата поезија на Jack Kerouac.


Албумот е со малку подолго име и се вика “A Brief Inquiry Into Online Relationships“ инаку нивен трет по ред, а излезе на 30 ноември 2018 година под етикетите на британската независна издавачка куќа Dirty Bit и големата Polydor. Инаку долгите имиња на албумите се некако нивен препознатлив знак. Само за подсетување, нивниот втор по ред албум од 2016-тата се викаше “I Like It When You Sleep, for You Are So Beautiful Yet So Unaware of It“, иако овој пред излегувањето се водеше под работното има “Music For Cars“ кога момците од The 1975 започнаа да го промовираат материјалот од него.


Албумот “A Brief Inquiry Into Online Relationships“ на The 1975 е интересна анализа на денешниот медиумски свет, начинот на животот на младите и нивните очекувања. Кај музичката критика се мисли дека токму третиот по ред албум е најважен за секој изведувач во кариерата и ако успее третиот тогаш со право се на сцената. Албумот “A Brief Inquiry Into Online Relationships“ наThe 1975 според фронтменот MattyHealy зборува за сите врски, посебно оние иницирани од технологијата и интернетот. Каде ке бидемо по 15 години ако оваа денес е нашата реалност? Каква ке биде комуникацијата? Дел од тие прашања се кријат во првиот дел од името на албумот “A Brief Inquiry“ алудирајки на тоа дека најлошото допрва доаѓа. Од друга страна има и надеж, барем еднакво колку и страв. Традиционално но и за пофалба, барем за искреноста, на албумот има многу од личноста на фронтменот и неговата личност и карактер, дрскост, несигурност но и сензибилност и како вели самиот автор: “I’m not about retrogressive ideas. I love moving things forward; I love technology. I love robots. I’m all about the future, if we get one“.


The 1975 во “A Brief Inquiry Into Online Relationships“ некако успеаа од нашата немотивирачка стварност и реалност да одсвират приказна која е со далеку пооптимистички тон. Целиот албум е пропратен со нежни, промислени, на моменти скромни, а на моменти богати аранжмани. Жанровски многу шарен, од поп, пред се art pop и synth pop, jazz и амбиент, па се до електронската музика.

 

© Radio Bravo - Kumanovo