Добро дојдовте во најновото издание на Албум на неделата.
Oваа епизода ќе ја посветиме на албумот на една виртуелна група која постои и твори од 1998-та година кога англискиот пејач, текстописец и музички продуцент Дамон Албарн, заедно со британскиот аниматор Jamie Christopher Hewlett ги осмислуваат и креираат 4-те анимирани лика и ги собираат под името на групата, Gorillaz. Верувам дека барем еднаш сте се прашале, додека сте ги гледалеспотовите на безвременските хитови: Clint Eastwood, Dare или Fee lGood Inc, како се викаат цртаните креатури кои се составен дел од имиџот на оваа виртуелан група? Тоа се 2d, Murdoc, Noodle и Russel.
Да не заборавам… денеске го преслушаме нивниот албум Humanz.
Humanz е 5-тиот студиски албум на британската виртуелна група Gorillaz, снимен во Лондон, Париз, Њу Јорк, Чикаго и Јамајка и тоа е нивниот прв албум по 2010-тата, а како и досега на него имаат еден куп соработки со многу понови и постаримузичари и познати личности како што се: Grace Jones, Kali Uchis, Vince Staples, Popcaan, D.R.A.M., Anthony Hamilton, De La Soul, Danny Brown, Kelela, Mavis Staples, Pusha T и Benjamin Clementine.
Албумот на Gorillaz – Humanzја сака и почитува денс музика со можеби малку поголем акцент на електронската денс музика и диско правецот, но на албумот има и рап и некои други нови и најнови трендови, а секако тука е и благата асоцијација на матичната група на основачот на Gorillaz – Damon Albarn, групата Blur. Humanz е вистински поп албум, кој не звучи предлабоко, но е полн со се и сешто па можеби и затоа е допадлив на прво слушање.
Кратка информација и за концертната турнеја која е во временскиот период помеѓу 8 јули 2017 и 30 март 2018 во која ќе има 51 концерт и тоа 23 во Европа, 20 во Северна Америка, 5 во Јужна Америка и 3 во Азија.