Браво Хит за оваа седмица е нумерата “Jesus in LA” на Alec Benjamin, американски пејач и текстописец од Феникс, Аризона, досега најпознат по песната “Let me Down Slowly”. “Jesus in LA” е симпатична искрена композиција во која Alec многу јасно ја опишува класичната холивудска приказна за млад човек со широко отворени очи кој се преселува во градот на ангелите со надеж за слава и среќа, но завршува многу осамен, во премногу скап и површен живот.