Кандаскиот музичар Abel Tesfaye попознат како The Weeknd навистина многу работи изминативе денови. Откако изминатава недела ненадејно го исфрли својот сингл “Starboy” заедно со Daft Punk и беше Премиера Хит на Радио Браво, германскиот произведувач Puma овие денови соопшти дека има нов дизајнер на спортска опрема, а тоа е токму The Weeknd. Истовремено веќе во етерот е и новата песна „False alarm“, за да од денес The Weeknd го слушаме секој парен час, како Браво Хит со “Starboy“. Истовремено го очекуваме и неговиот трет студиски проект кој пристигнува после успешниот „Beauty Behind the Madness“, кој беше продаден во два и пол милиони примероци и на кој се наоѓа хит синглот „Can’t Feel My Face“, нумера која забележа огромен успех на светските топ листи.
https://www.youtube.com/watch?v=KTq-O8ML-iA