За жал, ракометот е едно од ретките врзивни ткива во нашата држава, па затоа е и вообичаено секој јануари, нацијата да биде во еуфорија поради настапот на ракометната репрезентација на меѓународна сцена. Оваа година ракометарите се на Светското првенство кое е во тек во Германија и Данска. Официјалната химна на првенството е песната “Stand Up Stand Out“, во изведба на данскиот DJ Kongsted и германскиот пејач Dominik Klein (кој како естрадно име го земал името и презимето на прославениот германски репрезентативец кој што е и еден од амбасадорите на овој спортски настан).
Извештаите од лице место, од Минхен, се сместени во Спортските Вести во 14:10, 16:40 и 19:10 часот, а Kongsted и Dominik Klein ќе ги слушаме како Браво Хит на почетокот на секој парен час, а сето тоа на добро познатата фрекфенција, 88,5 Mhz.