Се чини дека чекањето се исплатеше, бидејќи појавувањето на “Perfect Illusion”, песна која го најавува новиот, петти студиски албум на Lady Gaga предизвика внимание кај слушателите на Радио Браво. Во следните седум дена, “Perfect Illusion” ќе ја слушаме на 88,5 Mhz на почетокот на секој парен час, и со нетрпение ќе ги очекуваме новите песни на Lady Gaga, зад кои пак ќе застанат познати имиња како оние на продуцентот Марк Ронсон и на Кевин Паркер од австралискиот рок бенд Tame Impala. На албумот се очекува и гостувањето на вокалот на Florence and the Machine, Флоренс Велч. Инаку, во последните неколку години, Lady Gaga си зеде одмор од комерцијалната музика.
https://www.youtube.com/watch?v=2bZIremnuh0