Браво Хит во следните седум дена е насловната песна од третиот по ред студиски албум на блуз групата од Прилеп Crossroad Blues Band, нумерата “Градско дете“. Албумот беше официјално претставен на 7 јуни 2016 година и на него има 10 нумери, а за секоја нумера е снимен и видео спот.На албумот се поместени десет композиции, сите со авторско влијание и печат од членовите на бендот. Crossroad Blues Band се проверена и докажана блузерска банда која звучи еднакво моќно и на аудио издание, како и во живо (посебно ова второво – нивните свирки се импресивно доживување), па нема причина да се сомневаме во квалитетот и добрата музика која ќе ни ја понудат со нивното ново издание. Crossroad Blues Band од Прилеп неодамна завршија со снимање на својот трет по ред албум насловен како „Градско дете“, кој воедно е и прво издание на македонски јазик. Новиот материјал се состои од девет авторски песни, а се снимаше во прилепското студио „Шило“. Бендот полека се подготвува и за својата летна турнеја, во чии рамки ќе одржи концерти во повеќе земји од регионот. Се гледаме таму и тогаш – а дотогаш, уживајте во звуците на блузерската екипа и нивната насловна нумера од новиот албум.