60-Годишната поп кралица, Madonna, во нејзин стил се врати на музичката сцена со песната “Medellín” , соработка со 25-годишниот колега од Колумбија Maluma. Насловот на песната е според името на родниот град на Maluma, а истата е првиот промо сингл за новиот студиски албум на Madonna кој на 14-ти јуни ќе излесо под името “Madame X”. По регионалната премиера на Радио Браво на 23-ти април, од денес, “Medellín” ја слушаме на добро познатата фрекфенција, 88,5 Mhz, на почетокот на секој парен час како Браво Хит No.1.