Британските рокери здружени во бендот насловен Muse, а кои ни станаа познати по официјалната химна за Летните Олимписки Игри од 2012-та година што се одржаа во Лондон, песната Survival се пред издавање на својот осми студиски албум, а од него, третиот сингл “Something Human” предизвика внимание кај слушателите на Радио Браво. Откако изминатиов вторник, Matt Bellamy (вокал, гитара и клавијатури), Chris Wolstenholme (бас гитара) и Dominic Howard (тапани), ги слушавме како Премиера Хит, од денес пак, Muse повторно се на менито на Радио Браво. Ги слушаме во следните седум дена на 88,5 Mhz, со Something Human како Браво Хит No.1.