Младата вокалистка Дина Јашари деновиве ја промовираше својата нова песна со наслов „Досада“. Целокупен автор на песната е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов, кој стои и зад миксот. Песната има и свој видеозапис режиран од Борјан Стојков, снимен од Мирослав Илиќ, монтажата и продукцијата се на Давид Николовски во соработка со „Пирка АВХ“. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лазар Христов, а за момент се појавува и Лука Тошев.