Англискиот пејач и автор Alexander James O’Connor познат на јавноста под името Rex Orange County како најава за својот најнов албум Who Cares? го објави синглот “Keep It Up“. Албумот треба да излезе на 11 март 2022 година, а синглот е пропратен со интересен видео спот снимен во Амстердам.