“Living in a Ghost Town” е најновиот сингл на легендарните The Rolling Stones. Песната е објавена на 23 април 2020 година што ја прави прва композиција на групата во последните 4 години и првиот оргинален материјал по “Doom and Gloom” и “One More Shot” од 2012-тата. Зборовите на песната алудираат на кризата во светот денес, а особено во оној дел каде се пее дека животот бил убав пред изолацијата, како оној кога фронтменот на бендот, Мик Џегер вели дека се чувствува како дух кој живее во град на духови. Сепак, во соопштението на групата се вели дека песната првично е снимена пред една година во Лос Анџелес, но завршена за време на карантинот.
„Песната не беше напишана за сегашната ситуација, но е напишана за тоа како е да се биде на место кое е полно со живот и потоа како е сега, кога сè е без живот“, изјави Џегер за странските медиуми и додаде дека песната е напишана за само 10 минути.
“Living In A Ghost Town” стана химна на голем дел Американци во текот на борбата против коронавирусот, и хит број 1 во повеќе од 20 држави.