“Dance Monkey” е песна на австралиската пејачка Tones and I, објавена како втор сингл од дебитантскиот албум The Kids Are Coming. Песната е продуцирана и ремиксирана од Konstantin Kersting. “Dance Monkey” беше на врвот на топ листите во Австралика, Австрија, Белгија. Данска. Финска. Франција, Германија, Ирска, Италија, Холандија, Нов Зеланд, Норвешка, ЈАР, Шведска, Швајцарија и Велика Британија. На австралиската топ листа на синглови го сруши рекордот на седмици престој на првото место на песната на Justice Crew “Que Sera” од 2014 година и со 15-тата недела на врвот во ноември го изедначи рекордот на Ed Sheeran со “Shape of You” од 2017-тата.