Легендарната ирска група U2 ја објави својата најнова песна “Ahimsa”. Композицијата е соработка со индискиот музичар A. R. Rahman и е наречена ahimsa,според доктрината која во буквален превод значи “не прави лошо” во смисол на респектирање на се што е живо на светот. Тоа е првиот издаден материјал на U2 од Songs Of Experience во 2017 година пред се поради нивната ангажираност во последните 2 години со славењето на 30 годишнината од албумот The Joshua Tree и интензивната концертна турнеја која е некаде на половината на настапите во Азија и Австралија.