Бендот The Jezabels е формиран во 2007-мата во Сиднеј од група на студенти и пријатели кои решиле да прават музика и да се забавуваат. Досега имаат издадено три ЕП и три студиски албуми, а бендот го сочинуваат Nik Kaloper, Samuel Lockwood, Heather Shannon и Hayley Mary. Во татковината веќе со првите изданија го привлекоа вниманието на себе и почнаа да ги завземаат горните места на домашните топ листи. Името на групата има библиска референца, но ги одразува и феминистичките ставови на пеачката Hayley Mary, нешто што таа отворено го признава и го рефлектира низ музиката на The Jezabels. Ованеделниот албум е токму последното нивно дело – проектот наречен Synthia.
Листа на песни:
- My Love Is My Disease
- Come Alive
- Smile
- If Ya Want Me
- Pleasure Drive
- Stamina
“Synthia” е албум кој експериментира со се што се случув денес, па веројатно и затоа се повеќе бендови што се сметаа за инди се свртуваат кон поп звукот и стилот кој преовладува. The Jezabels не застранија комплетно, туку поточно кажано, солидно се прилагодија на актуелната сцена, но со тоа можеби и го загубија онаа нешто што ги правеше интересна група.