Добредојдовте во уште едно издание на Албум на неделата, во оваа како и во секое изминато ке преслушаме еден албум, кој по правило е нов и некои песни премиерно ке бидат пуштени во етерот. Денес следните половина или малку повеќе од половина час ке ги посветиме на најновото, 13-то по ред студиско дело на омилените музички активисти од Велс – групата Manic Street Preachers под име Resistance Is Futile или на македонски Отпорот е залуден. Но најпрвин кратко за нив, Manic Street Preachers се формирани во далечната 1986 година во Blackwood, од James Dean Bradfield кој пее и свири гитара, Nicky Wire на бас гитара и Sean Moore на тапани, подоцна им се придружува и гитаристот Richey Edwards, нивниот прв сингл беше “Suicide Alley”, а првиот албум се викаше Generation Terrorists. Со годините излегуваа следните албуми во кои сеуште ги немаат исцрпено сите теми поврзани со материјализмот, површноста, осаменоста, капитализмот, фашизмот и отуѓеноста. И се така до 13-тиот албум Resistance Is Futile кој е наша денешна тема.
Дека албумот Resistance Is Futile на Manic Street Preachers не е само обична збирка на 12 песни кои се објавени само затоа што од претходниот албум изминаа скоро 4 години, докажуваат големиот број на песни посветени на разни инспиративни личности со што во прв план се дава признание на тие луѓе и хуманизмот на авторите. Така нумерата Vivian зборува за осамената негувателка и хоби фотограф Vivian Maierчии street фотографии јавноста ги виде и станаа светски популарни дури по нејзината смрт – песна која беше премиера хит на Радио Браво на 19-ти април 2018-та .Па потоа дуетот “Dylan & Caitlin”, настанат во соработка соThe Anchoress односно Catherine Anne Davis, приказна за турбулентната врска помеѓу поетот Dylan Thomas и неговата жена Caitlin, композиција која слободно може да се мери со нивната “Your Love AloneIs Not Enough” од 2007, и секако “In Eternity”, нумера која ке ја слушнеме во продолжение и која суптилно му одава почест на големиот David Bowie.
Наша тема во Album of the week оваа седмица е 13-тиот по ред студиски албум на групата Manic Street Preachers под име Resistance Is Futile. Албум кој официјално се појави на пазарот на 13-ти април 2018-та година под етикетата на издавачката куќа Columbia Records и со појавувањето се искачи на 2-то место на Британската листа на албуми. Но пред официјалното излегување претходеа најавните синглови, првиот под име International Blue се појави уште на 8 декември од 2017-тата, а на Радио Браво беше Премира хит на 9-ти јануари 2018-тата. Тоа е една хитоидна нумера која му одава признание на уметникот Yves Klein и ултрамарин сината боја, на таа интензивна и матирана длабока сина боја која тој ја користел во својата монохроматска серија од слики. За одбележување е масивниот риф која ја носи целата композиција која пак стига некаде до квалитетот на култната “Motorcycle Emptiness” и дефинитивно во вакви песни како International Blue веднаш се чувствува ентузијазмот за творењето и покрај многуте изминати години.
https://www.youtube.com/watch?v=cKTLQtssNHk
По преслушување на целиот материјал на албумот Resistance Is Futile на Manic Street Preachers остануваат помалку подвоени или различни чувства. Онаа вечна побуна против конвенционалните стереотипи, поради кои одново и одново им се враќаме на Manics-и,
обвиена со убава мелодиска структура е тука, но освен неколкуте навистина моќни синглови, средината на албумот е премногу разводенета за да се добие желбата повторно да се слушне. Оние кои во текот на 90-тите обожаваа да ги слушаат “Generation Terrorists”, “The Holy Bible” и “Everything Must Go”, чии годиниод младоста наместо Woodstock или Live Aid, ги одбележа терористичкиот напад на САД во 2001-та и се што следеше после тоа – чувството на страв, несигурност и неизвесност, таканаречената генерација Y, сега им останаа само убавите и утешни мелодии на проповедниците од Велс со понекое интересно текстуално решение. Навистина штета, ако го земеме во предвид минатото експериментално и сестрано дело Futurology, но сепак имам чувство дека Manic Street Preachers се уште не се за отпишување и нема да се препуштат на малодушноста против која се борат.