• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Мартија со „Те Сакам“ во Радио Браво

Mладата наша сограѓанка, поп пејачка Мартија Станојковиќ, денес, во Радио Браво ја промовираше својата нова песна.

Поп балада е комплетно авторско дело на Александар Масевски. Имено, тој ги потпишува музиката, стиховите, аранжманот и продукцијата на „Те сакам“, како што носи наслов песната, во која акустична гитара свири Иле Спасев.


Во видео спотот за новата балада, видлива е драстична трансформација на девојчето кое стана миленичка на јавноста, откако во 2016 година го освои второто место на регионалиот музички натпревар „Пинк ѕвездички“  во Белград. Мартија сега е тинејџерка и има 14 години. Спотот за „Те сакам“ е во режија на Огнен Шапковски. Погледнете го видеото:


© Radio Bravo - Kumanovo