Албумот “Blaze Away” на Morcheeba кој што официјално излезе на пазарот на 1 јуни 2018 година а на Радио Браво го слушавме во емисијата Album Of The Week, содржи 10 композиции. Од него, избор за Браво Хит песна која ќе ја слушнете наредните седум дена е песната “It’s Summertime”, нумера која носи една радиофонија и комерцијален призвук, иако го чува и лајтмотивот на целиот албум и песна која е 3-тиот официјален сингл од него. Информација и дека групата Morcheeba веќе е на светска турнеја за да го промовира албумот, a ние имавме можност да ги видиме и во Скопје.