• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Morcheeba – Blaze Away (Албум на неделата)

Наш албум за оваа седмица е најновото студиско дело на британските првенци на трип хопот, групата Morcheeba под име “Blaze Away”.

Morcheeba е формирана во средината на 90-тите години од минатиот век од браќата Paul и Ross Godfrey и пеачката Skye Edwards, првиот албум го издаваат во 1995-тата и досега имаат вкупно 8 од кои 2 беа во ТОП 10 конкуренцијата. Но ни Morcheeba не е исклучок кога се во прашања турбулентните односи во бендот и во кариерата досега имаа неколку измени во составот. Пеачката Skye Edwards во 2010-тата се врати во групата по 7 години работа на соло кариерата, за време на нејзиното отсуство неколку пеачки се потпишуваа на песните на Morcheeba. Во 2014-тата пак еден од браќата Godfrey, Paul со расправии ја напушта групата и дефинитивно во 2016 година беше објавен крајот на постоењето на Morcheeba.


Очекувањата се секогаш онаа што го дефинира разочарувањето или воодушевувањето на крај од било што. Токму оваа теза одигра позитивна улога кај Morcheebaсо албумот “Blaze Away”, бидејки за самиот албум јавноста не ни знаеше дека ке излезе. Но било како било крајниот резултат е навистина магичен, а најдобриот аргумент е позитивната атмосфера со која е исполнет и топлината и пријателското расположение кое го праќа. Промените во составот на бендот дефинитивно немаа влијание на квалитетот и уникатноста, карактеристики што Morcheeba секогаш ги има, а врвната продукција и иновативноста секогаш им се дополнителен џокер.


“Blaze Away” е расположение само за себе, една целина преполна со позитивни, топли и прекрасни емоции, албум кој на своите автори им овозможи уште еднаш на иновативен и оргинален начин да воспостават близина со секој од своите слушатели. Топла препорака за секој да го преслуша.


© Radio Bravo - Kumanovo