• Radio Bravo

  • Bravo Smooth Jazz

Millencolin – S.O.S. (Албум на неделата)

Добредојдовте во денешното издание на Албум на неделата на Радио Браво. Ја продолжуваме долгата традиција на претставување на албумски дела, по правило нови изданија на фрекфенцијата 88,5 мегахерци и на стримингот на radiobravo.com.mk.  Денес пред нас е 9-тиот студиски албум на панк рок групата од Шведска чие име потекнува од зборот меланхолија и од името на една фигура поврзана со скејтбордирањето и се викаат Millencolin, а албумот едноставно S.O.S. – според интернационлниот код за помош. Но ајде малку да се запознаеме со Millencolin. Tоа е група формирана во октомври во 1992 година во градот Уребро во Шведска од швеѓанецот со српски корени Никола Шарчевиќ во улогата на пеач и бас гитарист, Mathias Farm на почеток како тапанар, а подоцна соло гитараи Erik Ohlasson на ритам гитара за да по неколку месеци, некаде на почетокот на 93-тата им се придружи и тапанарот Fredrik Larzon.


Оваа рок-панк дело, инаку 9-то по ред на Millencolin и албум кој е снимен во текот на 2018-тата во Sound Lab студиото во градот Уребро инаку сопственост на групата, миксан од страна на Jens Borgenво Fascination Street Studios, а издаден под етикетата на Epitaph Records и се појави на пазарот и во Европа и во САД на 15 февруари 2019 година. Инаки за да биде комплетирана целата работа во сопствена режија, албумот S.O.S. е продуциран од вокалот и бас гитаристот на бендот – Никола Шарчевиќ и од гитаристот Mathias Farm, а сите графики и фотографии на него се дело на вториот гитарист Erik Ohlasson.


Албумот  S.O.S. за швеѓаните Millencolin е прво дело по 4 годишна пауза и нивниот претходен 8-ми по ред албум True Brew, но никако не треба да се помисли дека тие прават паузи во својата скоро 27 годишна музичка кариера.  Групата е постојано заедно и зад себе имаат над 2000 живи настапи ширум светот, а за групата Никола Шарчевиќ вели дека тие се бенд кој навистина е формиран поради респектот и разбирањето на членовите на групата помеѓу себе и нивната пасионирана заљубеност во рок муиката, ако некој ги прашува тоа е најдобрата работа и занимање во светот, за нив лично.


Албумот S.O.S. на Millencolin е вистинска мелодична бомба со рок и поп акценти, но и со пулсирачки панк дух. Тоа е всушност и сето онаа по што групата е позната, во една мини звучна варијација тука е енергијата, брзината, емоциите, дури и баладите и слатките зборови на искривен шведско-англиски јазик. Целата продукција на албумот е навистина свежа и сосема доволно чиста. Тука е емотивниот акцент на Никола Шарчевиќ, торпедирањето на тапаните на Fredrik Larzon, соло делниците на Mathias Farm и фендерот на Erik Ohlasson со приметлив недостаток на вистинска бас гитара. Бендот ги има своите пет минути буквално, но истовремено ја задржува синергијата на целиот материјал. S.O.S. е најконкретното и најжестокото издание на Millencolin во последните 14 години – што значи дека секако го заслужува вашето внимание.

© Radio Bravo - Kumanovo