14-годишната ѕвезда од “Пинкови Ѕвездички”, Мартија Станојковиќ ја овјави својата нова песна “Те сакам” на 27 јуни, како и спотот за истата. Автор на песната е Александар Масевски, а Мартија вели дека ја испеала за мајка си. Ова е трета песна на Мартија, која ја претставуваше Македонија на Детската Евровизија во 2016 година.