Голермо изненадување се случи во саботата во западниот дел од Австралија, поточно во Перт, а уште поточно, во RAC арената на концертот на групата Florence And The Machine. На средината на концертот, сосема неочекувана Florence Welch за прв пат ја претстави “Moderation“, сосема нова песна со изразит “guitar jam”. Во моментов, Florence And The Machine е на турнеја низ Австралија каде што го промовираат најновиот албум “High As Hope”, кој што слушателите на Радио Браво имаа можност да го слушнат во емисијата Album Of The Week на 18-ти јули, минатава година.