• Bravo 88.5 FM

  • Bravo-Blues&Jazz

Florence And The Machine – High As Hope (Албум на неделата)

Добредојдовте во уште едно издание на Album of the week, кое го посветуваме на групата Florence and the Machine и нивниот албум High As Hope кој се појави на пазарот на 29 јуни 2018 година.

На почеток како и секогаш, ајде да се запознаеме со Florence and the Machine. Инди рок група формирана во Лондон во 2007-мата година од страна на пеачката Florenc Leontine Mary Welch и клавијатуристката Isabella Janet Florentina Summers, а во текот на постоењето тие две соработуваат со многу други музичари. Првиоталбум Lungs го издаваат напочетокот на јули од 2009-тата кога jaдобиваат и Brit Awards “Critics’Choice” наградата. Уште од првиот албум Lungs и на сите останати, вториот “Ceremonials”, третиот “How Big, HowBlue, HowBeautiful” како и најновиот константата е дека се широко прифатени од публиката. Сите се продукциски перфектно одработени и со тоа Florence Welch ја претворија во навистина голема инди дива во светот, дури и од другата страна на Атлантикот. Таа е толку препознатлива во својот стил така што е навистина грев да не го преслушаме и овој албум.


4-тиот Албум во кариерата на Florence and the Machine, High As Hope, наша денешна тема, со својот звук само го доразвива периодот и творештвото помеѓу првите два албума на групата и го продолжува онаа што имавме можност да го слушнеме на претходниот албум. Во текстовите не се откажува од темите, преокупациите и надежите застапувани во годините наназад. Florence Welch како пеачка изгледа сосема променета од почетокот на кариерата, најповеќе во делот на нејзините пооптимистички видици, но може да се каже и покомпактно ја пронаоѓа инспирацијата и со неа на албумот му додава цврстина и јасен правец.


Кога би барале грешки или кога би сакале да го критикуваме албумот High As Hope на Florence and the Machine, би можеле да кажеме дека има сличности помеѓу нумерите на него, посебно во инструментите кои се појавуваат во нив и скоро идентичните улоги и временски периоди, но можеби тоа е само уште еден доказ за комплексноста и малите детаљи на кои треба да се обрне внимание. Пеењето за среќата од поинаква перспектива на сега веќе 32 годишната авторка, доби ново значење за разлика од периодот кога имаше 22 години, но сепак, Florence and the Machine се издигнаа над површното надевање бидејки времето на раснење одамна помина, а со High As Hope конечно и заврши.

Слична тема:
Florence & The Machine – Hunger (Премиера Хит)

© Radio Bravo - Kumanovo