Добро ни дојдовте во денешното издание на Album Of The Week. Оваа недела ќе имаме задоволство да го преслушаме 17-тиот соло албум во кариерата на Ser Paul McCartney под име Egypt Station.
Е сега, ако на овие 17 соло албуми ги додадеме и 7-те со неговата група Wings, 5-те со класична музика, 8-те кои ги има работено за други групи и филмови, како и 13-те најважни, оние со The Beatles, стигаме до енормна бројка и години работа и работа на музичката сцена. Години на успех од своите 15 години старост, таму некаде во далечната 1957-ма година кога се приклучил на Џон Ленон во групата Тhe Quarrymen. Но ајде, поконкретно за албумот. Egypt Station беше најавен од самиот автор на 10 јуни 2018 година преку социјалните мрежи, на 76-тиот роденден на Paul McCartney – 18 јуни беше претставено и името и веќе на 20 јуни го издаде првиот двоен најавен сингл со нумерата I Don’t Know.
Албумот Egypt Station на Paul McCartney е снимен во музички студиа во Лос Анѓелес, Лондон и Сасекс, додека само песната Back In Brazil е снимена во KLB студиото во Сао Паоло во Бразил. Официјално се појави на пазарот на 1-ви септември 2018-тата по дури 5 години од претходниот албум New и е првиот соло албум на Paul, по Tug of War од 1982-та, кој дебитирал на првото место на американската Billboard 200 албумска листа. Името Egypt Station е поврзано со една слика на Mc Cartney од 1988-мата година, која разбирливо е и на насловната страна од оваа студиско дело.
Продукцијата на албумот Egypt Station на Paul McCartney е помалку конзервативна, авторот ев о одлична вокална и композиторска форма, но албумот можеби звучи малку предолго, надминувајки го својот претходник, како временски така и по долгите теми. Од друга страна пак, албумот е професионално склопен и покажува дека McCartney ни на крај памет не помислува да замине во пензија, едноставно Ser Paul McCartney бутка понатаму и тоа одлично му оди.
Слични теми:
Paul McCartney – I Don’t Know (Премиера Хит)